👁️  5

Ирачкиот медиумски регулатор им нареди на сите медиуми да престанат да го користат зборот „хомосексуалност“ и наместо тоа да го користат терминот „сексуална девијација“.

Ирачката Комисија за комуникации и медиуми објави дека е забранета и употреба на терминот „род“.

На сите лиценцирани телефонски и интернет компании им е забрането да ги користат тие термини во која било од нивните мобилни апликации.  Ирак експлицитно не ги криминализираше хомосексуалните односи, но моралните клаузули во кривичниот законик се користат против ЛГБТ заедницата.

Во последните два месеци, големите ирачки партии ги засилија критиките за правата на ЛГБТ, а знамињата со виножито редовно се палат на протестите на фракциите на шиитски муслимани кои реагираа на неодамнешното палење на Куранот во Шведска и Данска.  (МИА)