👁️  12

Директорот на Царина Стефан Богоев за вчерашната заплена на обврзници од 92 милиони долари кај патник од Турција, рече дека е горд што цариниците успеале да ги запленат и дека станува збор за обврзници со голема вредност. Тој ова го изјави во емисија на ТВ21.

„Судот Судот донесе одлука да ги одземе, се работи за турски државјанин. Вредноста е глема, се рабти за 184.000 обврзници, по 500.000 долари вредност. Јас сум горд што цариниците успеја да го запленат“, рече Богоев.

Тој појасни дека кај патникот било сомнително тоа што цариниците добиле конфузни одговори.

„Варира приказната и има разлика од одговор до одговор. Првото прашање е каде одите и што е вашата цел. Каде ќе престојувате, што работите и тука имаме различни изјави. Тоа дава доза на дополнителен сомнеж. Има разлика меѓу името и податоци на патникот и името на сопственикот на обврзниците, и не биле на негово име, и сите овие работи ни даваат дополнителна основа. Инаку да напоменам дека се е поврзано со странски банки, со странски држави, единствено што тука кај нас се запленуваат и секоја помош меѓународна е добродојдена“, изјави Богоев.

Тој додаде дека е контактирано со Интерпол и со други меѓународни партнери коишто по разни основи проверуваат.

„Соработуваме затоа што практично досега ништо не се поврзува со Македонија ниту со македонски граѓаѓни. Се е поврзано со странски државјани, фирми, единствено што пристигнуваат тука, на наше тло односно на скопскиот аеродром и оттука секоја помош е добредојдена. Финансиската истрага ќе ја работиме ние, по потреба може да се менуваат работите, меѓутоа има сериозни институции и во и вон државата кои планираме и очекуваме сериозно да ни помогнат и да се вклучат во ова. И да се работи за обид за измама со обврзниците, и да се работи за обид за перење на пари или финансирање на било какви нелегални активности, можеби за ништо од ова не се работи но ние сме должни сето тоа детално и темелно да го провериме“, изјави Богоев.