👁️  12

Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ цели кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи патем и слики од својата патеката.

Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на Јужниот Пол на единствениот природен сателит на Земјата.

Со ова контролирано слетување на индиското вселенско летало на Месечината, Индија би била четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во мигов, САД, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените држави кои извршиле контролирано слетување со летала на Месечината.

Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО) вчера објави и низа слики и снимки од Месечината направени од камерите на вселенското летало.

Chandrayaan-3 Mission:
The mission is on schedule.
Systems are undergoing regular checks.
Smooth sailing is continuing.

The Mission Operations Complex (MOX) is buzzed with energy & excitement!

The live telecast of the landing operations at MOX/ISTRAC begins at 17:20 Hrs. IST… pic.twitter.com/Ucfg9HAvrY

— ISRO (@isro) August 22, 2023

„Чандрајан“ значи „месечево возило“ на санскрит-јазикот. Леталото полета од вселенскиот центар „Сатиш Даван“ во Шрихарикота во јужната индиска држава Андра Прадеш, на 14 јули. Патем, првиот обид во 2019 година со „Чандрајан-3“, заврши со пад на леталото на површината на Месечината поради софтверски проблеми и тешкотии при сопирањето.

На 20 август руското летало „Луна-25“ се урна на површината на Месечината.

„Според првичните пресметки, ‘Луна-25’ се префрли на непредвидена патека и се заби во површината на Месечината“, соопшти Роскосмос.

Руската вселенска агенција објави „ненормална“ состојба на вселенското летало ден претходно откако беше испратен сигнал од Земјата што требаше да почне подготовка на леталото за слетување на Месечината. Неуспехот на престижната мисија, според познавачи, го нагласува падот на Русија како вселенска сила, од „Студената војна“, кога Москва го лансираше првиот сателит во вселената „Спутник 1“, а советскиот космонаут Јуриј Гагарин стана првиот човек во вселената. Русија нема мисија на Месечината од „Луна-24“ во 1976. кога Леонид Брежњев управуваше со Кремљ.