👁️  1209

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека синоќа на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Р. Бугарија, автомобил „опел зафира”, со скопски регистарски ознаки, удрил во бандерите за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес” и „бмв”, кои биле во сопственост на Амбасадата.

Возачот кој ги оштетил автомобилите потоа го напуштил местото на незгодата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.