ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, велат од партијата, запрашани како ги коментирате вчерашните пораки на претставникот на Стејт Депарментот, Џејмс О`Брајан за објавување на планот за иднината на земјата.
Во однос на главното прашање со Бугарија, кажа портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма.
До граѓаните ќе понудиме решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, зa борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, посочи Стоилковски на прес-конференција.
Американскиот претставник вчера кажа дека е фер граѓаните да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да понуди нон-пејпер во кој ќе ја објасни визијата за патот напред. Тој одговараше на новинарско прашање – дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.