👁️  2315

Наскоро ќе се одбележи една година од трагичната смрт на популарната јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, а по тој повод се огласи нејзината мајка Наташа.

Имено, таа најави дека на годишнината ќе објави доказ дека Кика не се самоубила, туку дека се работи за убиство, но сега се предомислила.

„Здраво на сите, сакам да ве известам дека нема да го објавувам видеото што го најавив поради нешто непланирано. Во четврток во 9:30 часот ќе има помен по повод годишнината од смртта на Кика. Во истиот период на мојот канал ќе го објавам и нејзиното досега необјавено видео. А второто ќе треба да го почекаме,  стои во објавата на Наташа.

Да потсетиме, минатата година, ноќта меѓу 8 и 9 декември, Кика беше пронајдена мртва во својот стан, а од тогаш нејзината мајка се обидува да ја дознае вистината за смртта на нејзината ќерка.