Имаше обид за атентат на руски политичар.
Станува збор за заменик-градоначалникот на Мелитопол, Микола Волик. Обидот за атентат се случил во близина на неговиот дом, јавуваат руските медиуми.
Како што изјави за Спутник, членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, во нападот нема повредени. Моќта на импровизираната експлозивна направа, според првичните проценки, била околу 2,5 килограми во противвредност на ТНТ.
„Тоа беше импровизирана експлозивна направа, една од оние што ги користеа терористите на Зеленски. Беше исполнета со експлозивни елементи и за среќа ниту тој, ниту жителите не се повредени“, рече Рогов.
Со дронови беа нападнати три руски воени бази. Русија ја обвини Украина. „Вашингтон ниту ја охрабрил, ниту ѝ овозможил на Украина да напаѓа цели во Русија“, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Украина не излезе со став за ова. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.