👁️  117

Во натпреварот за третото место на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар, селекцијата на Хрватска ја победи селекцијата на Мароко.

Средбата на стадионот Калифа во Доха заврши со резултат 2:1 во корист на Хрватите.

Во главниот град на Хрватска, Загреб, илјадници навивачи излегоа на улиците да ја прослават оваа победа. Тие шетаат по улиците и плоштадите во градот со запалени факели и развиорени знамиња. Слична слика е забележана во сите градови во државата.

Хрватите по втор пат во својата историја станаа бронзени медалисти на фудбалските Мундијали. Претходно тоа се случи на Светското првенство во Франција во 1998 година. Нивниот најдобар резултат останува второто место на Светското првенство во Русија 2018 година.