👁️  40

Хамас во Појасот Газа во заробеништво држи над 120 цивили, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Претходно, израелските медиуми објавија дека за време на рациите на ИДФ биле пронајдени мртвите тела на исчезнатите во минатонеделниот напад.

Според израелскиот весник „Хаарец“, вооружените сили влегле во енклавата каде што се верува дека Хамас држи до 200 лица како заложници и ги извлекле телата на неколку од нив.