👁️  75

Брера Струмица славеше против Воска Спорт со 2-0 во второто коло од Прва лига, но тоа што е необично е дека најверојатно за првпат во историјата на македонскиот, А можеби и во европскиот фудбал, судијка му судеше на својот сопруг.

Четврти судија на натпреварот беше Ирена Велевичковска, која е сопруга на фудбалерот на Брера, Александар Ристевски, објави „Штипски Асови“.

„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, кажа Ристевски за „Штипски Асови“.

Екипата од Струмица претходно славеше и во првото коло против Вардар со 1-0.