👁️  474

По повод 12 септември, одбележувањето 26 години постоење на Општина Могила, градоначалникот Драганчо Саботковски се обрати пред присутните, градиме чекор по чекор, транспарентно, одговорно, и покрај долгот во Општина Могила кој беше наследен,- во продолжение ви го пренесуваме во целост неговото обраќање.

Добар ден почитувани присутни, Почитувани советници, директори, пратеници, градоначалници, гости и вработени во општина Могила, ви благодарам за присуството на овој настан, значаен ден за нашата општина.

Денес одбележуваме 26 години постоење општина Могила. Сакам на сите да ви се заблагодарам за соработката, поддршката и придонесот кон општина Могила.

Градиме чекор по чекор, работиме транспарентно и одговорно, а наша единствена цел е целокупен развој на општина Могила и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места. Твориме заеднички и секојдневно придонесуваме општина Могила да ја направиме подобро место за живеење на сите жители. Наша заедничка обврска, на градоначалникот, на Советот, на општинаската администрација, но и на секој граѓанин поединечно е да влијаеме и да создаваме модерна и просперитетна општина Могила.

Општина Могила работи на реализација на бројни проекти од сите сфери на својата надлежност, но морам да напоменам дека сме соочени со бројни предизвици.

Долгот кој го наследиме иако е голем успешно го менаџираме веќе 10 месеци и покрај тоа што се соочуваме со економска, здравствена и енергетска криза. Успеавме да воведиме нови проекти и реализираме активности за подобрување на условите за животот на жителите на општина Могила.

Врз основа на предизборната програма и со одлука на Советот на општина Могила еднократната финансиска помош за новороденчиња е зголемена на 5000 денари.

За прв пат е воведена еднократна финансиска помош од 3000 денари и прибор за првачињата, децата од социјални семјства и децата со попреченост.

Потпишан е договор за изградба на првата градинка во општина Могила со капацитет од 40 деца, значаен проект за жителите на општина Могила.

Со проектот за општо корисна работа започнаа да функционираат центрите за ран детски развој во Могила, Добрушево и од оваа година и во село Српци.Со одлука на Совет исплатени се над 100 барања за помош кон социјално ранливите категории и барања за еднократна помош за лица со тешки болести.

Со Црвениот Крст од Битола направивме повеќе хуманитарни акции и ќе продолжиме да помагаме каде што е најпотребно. Секој заслужува подобри услови и достоинствен живот. Подготвуваме и програма за помош на стари и изнемоштени лица.

Набавена е опрема за Мултифункциониот објект во село Могила и опремен е делот во кој се одржуваат венчавки.

Во Могила се одржа првата трибина ,,Европски можности за македонското земјоделство” како дел од предизборната програма за Сет мерки ,,Информиран и образован земјоделец”. Ќе продолжиме да поддржуваме настани кои се во насока на подобрување на земјоделството, а секако и подобрување на економската моќ на земјоделците. Земјоделците ја имаат мојата целосна поддршка.

Училиштата во нашата општина благодарение на наставниците и директорите реализираат бројни проекти, а јас, како градоначалник, секогаш ќе ги поддржувам активностите со кои се подобрува квалитетот на образованието и се отвораат нови можности за младите генерации. Во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент обезбедивме 15 стипендии за додипломски студии. Поддршката за талентираните ученици и спортисти ни е приоритет.

Сите акции и иницијативи на жителите се поддржани, успешно се спроведе акцијата за пошумување во Ивањевци со која се засадија 2000 садници. Акциите за грижа за животната средина се обвраска на секој од нас.

Јавното Комуналното претпријатие Пела Хигиена Могила изминатиов период работеше на ниво на задачата, интензивно работеше на почиста општина Могила. Високата цена на горивото и електричната енергија, задоцнетите плати се предизвици со кои се соочуваме секој ден и заедно се трудиме да ги надминиме. Во однос на инфраструктурата се асфалтира улица широка во должина од 1200 метри изградени се тротоари од двете страни на улицата, атмосферска канализација и кружен тек. Во индустриската зона Петилеп се изгради водоводот и ќе продолжиме со инфраструктурното уредување на зоната, ќе покренеме иницијатива за нејзино проширување.

Ќе започне и изградба на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата Беранци, Д.Српци, Ивањевци, Св. Тодори, Трновци, Вашарејца и Лознани финансиран од средствата од ТАВ Македонија.

Работиме на сите сфери за подобрување на условите за живот. Следува асфалтирање на три улици во Српци, Беранци и Могила.

Ќе се тампонираат улици во сите населените места во општината.

Општинската администрација е во служба на граѓаните.

Со проектот ,,Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите” направена е репроценка на имотот, на објекти и градежно земјиште низ цела општина.

Работиме посветено и одговорно, ги следиме сите повици за аплицирање за можни извори за надворешно финансирање. Поднесовме апликација во Јапонска амбасада за возило за собирање на комуналниот смет.

Во Полска амбасада аплицирано е за повеќенамеснко спортско игралиште во училишниот двор во село Ношпал.

Во Министерство за образование аплициравме за енергетско ефикасна фасада на училиштето во село Мусинци.

Во тек е проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ кој ќе се имплементира до крајот на месецот и ќе имаме Фитнес зона на отворено во село Могила.

Општината останува сервис на граѓаните од најмлада до најстара возраст!!!

Финанскиски ги поддржавме сите културни настани и сите црковни собири во општината и имавме богато културно лето Могила 2022. Одбележавме јубилеј 45 години традиционален Турнир во мал фудбал, турнир кој од година во година прераснува во вистинска атракција во општина Могила и пошироко.

За првпат во Могила се организираше меѓународен фудбалски Еден на еден Могила куп. 72 екипи се натреваруваа, над 1000 деца учествуваа, над 150 натрпревари се одиграа во три денови.

Се соочуваме со енергетска криза која мора како локална самоуправа да наоѓаме начини да ја менаџираме. Апликацијата е во завршна фаза за поставување на соларни панели на улилишниот кров на училиштето „Кочо Рацин“ во село Ивањевци и „Браќа Миладиновци “ во Добрушево и на спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила.

Со голем мотив ќе продолжиме да работиме, чесно, отчетно и домаќински за доброто на сите наши сограѓани.

Наш приоритет е да создаваме локални стратегии со кои општината ќе се грижи за своите млади генерации да останат да живеат, работат и создаваат во општина Могила. Денес, на 12 Септевмри, роденденот на општина Могила, не можеме а да не го споменеме 8 септември, роденденот на татковината, Република Македонија.

Како што одговараме на сите предизвици со коишто се соочува општината, ќе одговориме и на се она со кое се соочува татковината. Не смее да се заборави дека низ нашите вени тече крвта на нашите славни предци, Гоце, Даме, Питу, Димче Могилчето. Треба да се знае дека во оштина Могила живеат луѓе кои си го почитуваат својот идентитет, јазик, култура и историја, и така горди со своето минато со сите сили ќе настојуваме да го сочуваме и да го пренесеме аманетот на идните генерации.

Исто како што се грижиме за сопствениот дом, треба да се грижиме и за татковината бидејќи е нашиот заеднички дом и мораме да ја градиме, негуваме и сочуваме.

Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија.

Да славиме уште многу години. Да живее Република Македонија, да живее Општина Могила.