И КУЛЕБА ГО НАПУШТИ ЗЕЛЕНСКИ: Шефот на дипломатијата денеска поднесе оставка, објави претседателот на парламентот на Украина

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка, соопшти претседателот на парламентот Руслан Стефанчук.

Стефанчук рече дека денеска го примил писмото за оставка на министерот за надворешни работи.

Претседателот на парламентот на Фејсбук објави и фотографија од писмото за оставка, пренесува Укринформ.

Вчера оставки поднесоа и тројца други министри во Владата на Украина.