Последниве години производството на домати драстично се намали, а вкусниот македонски јабучар речиси да го нема. Овој проблем, на кој укажуваат земјоделците последниве години, никако да се реши. Тие бараат намалување на увозот на земјоделските производи кои се произведуваат во државата со цел да се заштити домашното производство.
И потрошувачите реагираат дека увозниот зеленчук, кој се продава на зелените пазари, не е со ист квалитет како домашниот. Велат како е можно да живееме во земјоделска земја, а да јадеме увозен зеленчук.
И годинава ќе јадеме увозни домати од Албанија и Грција, бидејќи домашните станаа реткост. Последниве години производството на домати драстично се намали, а вкусниот македонски јабучар речиси да го нема. Овој проблем на кој укажуваат земјоделците последниве години, никако да се реши.
Тие бараат намалување на увозот на земјоделските производи што се произведуваат во државата со цел да се заштити домашното производство. И потрошувачите реагираат дека увозниот зеленчук што се продава на зелените пазари, не е со ист квалитет како домашниот. Велат како е можно да живееме во земјоделска земја, а да јадеме увозен зеленчук.
За цените и да не зборуваме. Граѓаните при секое одење на пазар се шокирани од цените на овие производи. Краставиците достигнаа 200 денари за килограм, а доматите се продават од 150 до 190 денари зависно од сортата.
– Овој проблем не е од сега, секоја година е исто. Земјоделците немаат комуникација со надлежните институции и тие не ги знаат реалните проблеми со кој тие се соочуваат земјоделците на терен. Сето тоа придонесе за значително намалување на сите земјоделски култури што се произведуваат во државата – вели еден земјоделец за весникот ВЕЧЕР.
Друг исто така коментира дека поради зголемените трошоци за ѓубрива, репроматеријали и препарати за прскање не им се исплати веќе да го одгледуваат.
– И тие земјоделци кои произведуваа домати го намалија производството. Освен поради високите трошоци за производство и поради тоа што е тежок за работа, па се префрлуваат на други земјоделски култури што се полесни за работа – вели земјоделецот Аце од Скопско.
Според него, најголем дел од зеленчукот што се продава на пазарите е од увоз од Грција, Турција и Албанија. Домашниот, оној под пластеници, сè уште не е стасан. Вообичаено во овој период ранограданираските култури се скапи, поради тоа што производството на зеленчук под пластеници е поскапо од она што се произведува на отворено, но оваа година цените се повисоки од вообичаено.
– Последниве години поради зголемените трошоци домашното производство е намалено, а многу од земјоделците се откажаа од одгледувањето градинарски култури поради ниските цени. И јас го намалив производството на домати и крставици и сега поголем дел од површините ми се засадени со блитва, спанаќ, кромид, лук и магдонос – вели тој.
Вообичаено пред Велигден поради постот, трговците ги качуваат цените на зеленчукот. Поради тоа, очекуваат после Велигден и цените на доматите и крставиците да почнат да паѓаат.
Ова го потврдува и статистиката. Во јануари забележан е раст на извозот на албански производи во Македонија за околу три милијарди леки, односно над 26 милиони евра.
Според официјалните податоци за надворешнотрговската размена, во текот на јануари за македонскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 4,4 милијарди леки. Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, како и тестенини.
Освен албански се очекува на нашиот пазар има и домати од Турција, откако државата ја смени одлуката и дозволи извоз на домати. Во соседна Бугарија цените на зеленчукот уриваат рекорди. Килограм краставици веќе ја достигнаа цената на свинското месо и се продаваа по 4 евра за килограм, а доматите по 7 евра за килограм.