👁️  229

Ве покануваме да бидете дел од најголемиот хуманитарен настан кој ќе се одржи на 01.10.2022 (сабота) година на плоштадот ,,Магнолија” во Општина Битола од 10 часот.

,,Сите заедно во борба со канцерот” е организиран од Викторија Брдаровска и Тамара Илиевска со поддршка од здружението ,,ВИКТОРИ”.

На настанот ќе има музички дел, трибина со наши познати битолски доктори, читање на наградените есеи, базар, дружба и уште многу други активности.

За овој настан се собираја донации за коса од кои коси моментално се прават четири перики, кои подоцна ќе бидат доделени кај тие кои што најмногу им се потребни истите.

Сите заедно ќе направиме овој настан да го добие заслуженото место во градот и да остави траен белег за тоа како се прават позитивните работи.

Драги наши, Ве очекуваме со нетрпение, а до тогаш останете во одлично здравје, стои во соопштението од организацијата на Сите заедно во борба со канцерот.