👁️  40

Еден од најталентираните хрватски фудбалери Лука Вушковиќ наскоро ќе стави потпис на договор со премиерлигашот Тотенхем, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

За услугите на 16-годишникот постоеше интерес од повеќе клубови, но изборот падна на тимот од главниот град на Англија.

Според хрватските медиуми за стоперот на Хајдук „петлите“ ќе издвојат повеќе од 11 милиони евра со што тоа ќе биде нов трансфер рекорд за сплитскиот тим.