👁️  2896

Александар Нишевиќ (29) од Глина, кој минатото лето ги шокираше сплиќани со целосно неиспровоцирани физички напади врз две жени и за тоа беше осуден на 11 години затвор, од понеделникот се сомничи за убиство на дедо му Милош Нишевиќ (89) кој исчезна во 2019 година.

Милош Нишевиќ се води како исчезнато лице од 28 декември 2019 година, но истрагата утврдила дека зад тоа се крие „злобна позадина“, пишуваат хрватските медиуми, пренесува „Блиц.рс“.

Остатоците од неговото тело наводно биле пронајдени распарчени пред извесно време, а полицијата сега го сомничи за исчезнување неговиот внук кој од летото минатата година е во затвор.

Според неофицијални информации, по убиството на 89-годишникот му била отсечена главата. Мотивот наводно бил личен интерес, односно пензијата на жртвата на убиениот Милош.

Александар Нишевиќ беше целосно непознат за хрватската јавност до јули 2021 година, иако не бил непознат за судството. Повеќе пати бил осудуван за кражба, а иако собрал 13 правосилни пресуди, постојано добивал условни казни од судовите низ државата. Во јули 2021 година, надзорна камера го сними неговиот брутален напад врз една од двете жени што ги нападна без причина во истиот ден.