👁️  1741

Фудбалерите на Шкендија гостуваат кај Шкупи во рамките на четвртфиналето на Купот на Македонија. Големото дерби на „Чаир“ тргна со гостинска предност, по една голема грешка на домашната одбрана.

Тетовчани поведоа уште во деветтата минута од натпреварот, а тоа ги испровоцира домашните навивачи. Членовите на „Шверцери“ влетаа во терен, предизвикаа нереди и сакаа да се пресметаат со фудбалерите. Веднаш реагираше полициската екипа, по што натпреварот беше прекинат, па играчите и судиите се повлекоа.