
Сите полетувања од четири аеродроми во Германија ќе бидат откажани денеска и утре, поради штрајкот на безбедносните контролни работници, повикан од синдикатот Верди, а со последиците од прекинот ќе се соочат најмалку 100.000 луѓе.
Според германското аеродромско здружение АДВ, околу 700 појдовни летови ќе бидат откажани поради штрајкови на аеродромите во Диsелдорф, Хамбург и Келн/Бон.
Слетувањето на аеродромот сепак ќе биде можно, но се очекува летовите да бидат одложени или откажани.
Синдикатот Верди, исто така, го повика персоналот за безбедност утре да ја прекине работата на аеродромот во Штутгарт, а не се знае колку откажувања ќе предизвика тоа.
Синдикатот Верди, исто така, го повика персоналот за безбедност утре да ја прекине работата на аеродромот во Штутгарт, а не се знае колку откажувања ќе предизвика тоа.