👁️  12

Хамас држи од 200 до 250 израелски заложници во Појасот Газа, изјави синоќа портпаролот на военото крило на групата во видеопорака.

Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал во интервју за ТВ Ал-Арабија, изјави дека меѓу заложниците има и високи израелски офицери од дивизијата Газа.

Мешал, кој ја предводи канцеларијата за дијаспора на Хамас, истакна дека групата ќе ги искористи заложниците во преговорите за ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори.