👁️  1643

Италијанската фудбалска судијка Дијана Ди Мео (22) се пожалила дека била жртва на сајбер-малтретирање.

На Инстаграм таа изјави дека неколку нејзини видеа и фотографии со експлицитна содржина веќе некое време кружат на интернет. Таа тврди дека никому не го пратила тој материјал и дека и` го хакирале мобилниот и со тоа ја земале содржината што ја чувала само за себе.

– Две недели страдање, но сега дишам. Не знам кој ги шири моите приватни видеа, мислам дека ми е хакиран мобилниот. Мислам дека ја искористија виртуелната меморија на мојот мобилен за да стигнат до материјалот и да заврши на OnlyFans.

– Можеби некаде сум го оставила мобилниот без надзор, што беше доволно некој да ми го претвори животот во пекол. Знам дека луѓето кои ја шират таа содржина на некој начин се збогатуваат. Некој исто така шири апсурдни гласини за мене на Инстаграм и Фејсбук. Поднесов жалба и би сакала да ги погледнам овие луѓе во очи.

– Јас сум жртва на криминал. Нема да се откажам додека не се најдат и казнат оние кои го направија сето ова“, заклучила атрактивната судијка од Пескара.