👁️  271

Владата на Република Македонија денеска ќе организира Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука.

-Свечената академија ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот, во Филхармонија, информираат од кабинетот на Првиот Потпретседател на Владата, Артан Груби.

Исто така, во Собранието на Република Македонија денеска на пладне ќе биде врачена државната награда „22 Ноември“, која се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.

Добитници на овогодинешната награда „22 Ноември“ се истражувачот и писател Агим Винца и писателот Амет Селмани.

Фото: МИА Архива