👁️  1020

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, управувајќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола, излетала од коловозот и удрила во заштитна ограда.

Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.