ГРК Охрид славеше против Татабања на првата финална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп, откако на гостински терен беше подобар со минимални 28-29. Победата можеше да биде поубедлива, но македонскиот тим забележа пад во вториот дел. Реваншот се игра на 30 мај во Охрид, а билетите се веќе распродадени.
Одлично прво полувреме за македонскиот тим, цврстата одбрана беше клучна за доминцијата на избраниците на Борис Ројевиќ, кои отворија со 2-6 после девет минути. Татабања беше надвор од колосек, немаше ниту дефанзивен, ниту офанзивен одговор. Пилиповиќ и денеска беше на ниво на задачата. Најголемата позитива беше седум гола (5-12), на одморот беше 8-13.
Со многу исклучувања на двете страни започна вториот дел, неколку грешки на ГРК Охрид беа клучни за да унгарскиот тим дојде на 11-14. Но, после две нови исклучувања на другата страна, македонскиот претставник успеа да ги врати петте гола позитива 13-18.
Татабања беше на негатива од три до четири гол, при 18-21 Ројевиќ повика тајм-аут. Од овој момент, ГРК Охрид направи серија од 1-4 за 19-25.
Сепак се случи нов пресврт, домаќинот со 6-1 серија израмни на 26-26 во 55. минута. Лиапис постигна важен гол за 26-27. Но, неизвесноста продолжи, а Татабања поведе со 28-27 на две минути до крајот. Иванковиќ врати за изедначување (28-28).
Пилиповиќ ја запиша 12-та интервенција и ги стави неговите момци во позиција за победа, Џукиќ во целиот хаос реализираше за 28-29.
На другата страна останаа три секунди, недоволни за израмнување.
Ѓукиќ и Иванковиќ со по седум гола беа најефикасни, на голот потворно беше добар и Пилиповиќ со 12 одбрани.







