👁️  712

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) синоќа беше хакирана.

Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS“.

Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Famous Macedonia“, пишува “Локално”.

Во моментов страната е целосно исклучена и до неа нема пристап.