👁️  47

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.

Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

-Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Агелер.