![](https://analitikum.mk/wp-content/uploads/2022/09/FB_IMG_1664449763211.jpg)
Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски обезбеди 8.000.000 денари преку Бирото за регионален развој.
Денес заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи потпишав два договори за имплементација на проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата.
Обезбедени се финансии од 6.000.000 денари за реконструкција на објект на месната заедница во објект за претшколско образование и пензионерски клуб во село Добрушево.
Обезбедени се финансии од 2.000.000 денари за проект за изградба на дел од крак К, фаза 2 од канализациона мрежа во село Добрушево.
Продолжуваме посветено да работиме за да обезбедиме финансиски средства за реализација на ветените проекти за нашата општина Могила, порача градоначалникот Саботковски.