👁️  26

Меко, воздушесто и тенко -ова тесто е рецепт за вистинските љубители на пица.

Колку пати ви се случило да јадете пица и да ги имате сите состојки во фрижидер освен главната – тестото. Се откажувате да правите затоа што мразите да одите во продавница. Во такви ситуации, домашното тесто за пица е одлично решение,но потоа доаѓа прашањето,кој ќе меси, кој ќе чека да стаса. Сепак, постои еден рецепт кој е толку едноставен што дури и ако никогаш не сте замесиле ништо, функционира.

Затоа, без да губиме време,еве кои состојки се потребни за да се подготви совршеното тесто за пица.

Состојки:

1 чаша јогурт
2 чаши брашно
2 лажици масло
половина кесичка прашок за пециво
сол по вкус

Подготовка:

Во поголем сад истурете го просеаното брашно, додајте прашок за пециво, сол, јогурт и масло, па соединете ги сите состојки и замесете тесто.

Тестото развлечете го со сукало и ставете го во плех, па премачкајте го со кечап или пелате, наредете ја исечканата шунка, ставете павлака, сечкани црни маслинки, домати, оригано и рендано сирење, па печете на 200 степени околу петнаесет минути.