Доколку сте љубители на лесни десерти без печење кои брзо се подготвуваат и уште побрзо се јадат, тогаш пробајте го ова овошно совршенство, нејзиното величество – торта со боровница и бело чоколадо.
Не само што се подготвува брзо туку таа потоа не се пече, само чекате да се излади. Подлогата се подготвува со мелени бисквити, како за чизкејк, филот брзо се прави, а вкусот е совршенство.
Состојки:
– 300 грама мелени бисквити;
– 125 грама стопен путер;
– 130 милилитри млеко;
– 300 грама боровници;
– Една лажица шеќер;
– Половина лажица желатин;
– 200 милилитри слатка павлака;
– 300 грама бело чоколадо.
Подготовка:
1. Мелените бисквити, стопениот путер и млекото соединете ги, па втиснете ги во кружен калап.
2. Боровниците сварете ги со шеќер, кога ќе омекнат, малку згмечете ги, па додадете го желатинот.
3. Помешајте сѐ, па ставете го над подлогата и во фрижидер.
4. Слатката павлака загрејте ја додека не зоврие, па додадете го белото чоколадо и мешајте додека не се стопи.
5. Ставете ја смесата над филот.
6. Оставете тортата да се излади, па украсете по желба и засладете се.