„Вистинските пчелари ќе добијат поголема поддршка и повеќе средства, но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот.
Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што сѐ повеќе пари даваме, а сѐ помалку мед гледаме.
Така што, мора да ги постигнеме ефектите со средствата што државата ги обезбедува“, изјави министерот Николовски од Тетово каде го посети натпреварот за квалитет на мед што се одржува на Универзитетот во Тетово.
Триесетина судии започнаа со органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед во рамки на четвртиот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед” (Tetovo Honey awards) што го организираат здруженијата „Полошки мед” и „Градот на пчелите”. Пристигнаа 260 примероци на пчелари од 21 земја
„Го организираме натпреварот по четврти пати благодарение на помошта на Министерството за земјоделство и Универзитетот, Факултетот за прехранбени технологии, без нивна поддршка немаше да добие академски апспект оваа манифестација. Задоволен сум од тоа што мострите од првиот натпревар и сега по четврти пат имаат голема разлика не само во однос на квалитетот и во однос на презентацијата.
Би бил многу среќен ако дел од пчеларите почнат да работат секојдневно по овие стандарди и гледаме дека овој натревар помага да се подигне квалитетот на македонскиот мед. Јас сум сведок на тоа дека не само тука, туку највисоки оценки се добиваат и на меѓународни натпревари.
Треба да работиме повеќе на презентација на нашиот мед затоа што Господ ја дава оваа клима да произведуваме квалитетен мед”, изјави Дритон Дикена од организацијата на натпреварот.
Помали количини природен мед и повисока цена. Годинава пчеларите се жалат на намалени приноси на мед во некои предели на земјава, поради климатските промени.
Воедно велат дека биле принудени и да ја покачат цената на истиот, поради зголемените трошоци, па една тегла мед сега се продава од 800 до 1.000 денари.
„Сите се жалат дека „дали пчелите ви одат на бензин“, но ако сакате да имате мед од чиста околина тогаш мора пчеларот да оди секојдневно на своите пчеларници за да ги опслужува пчелите.
Пчеларите од македонија оваа година влегоа со големи загуби и затоа оваа година има помалку мед, проблемот е од климатските промени но и од несериозноста“, изјави Владимир Петровски, од здружението на пчелари „полошки мед“.
На рафтовите во маркетите и на пазарите има голем избор на мед, но претежно тоа увозен или без потврда за неговиот квалитет, велат пчеларите.
Значи мора да се извршат делатни анализи што точно се продава, од страна на институциите и да се санкционираат таквите продавачи. Значи има голем број на фалсификуван мед којшто се увезува, кој што се произведува тука, додаде Петровски.
За сузбивање на нелојалната конкуренција министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, вели дека од идната недела ќе се формира работна група, која ќе работи токму во таа насока, за субвенции да добиваат само сериозни пчелари.