ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,131%, кај дизелот за 2,058%, кај екстра лесното за 1,507%  и кај мазутот зголемувањето е за 0,099%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,014%. 

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит .  

  Од 29. 1 1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  84 ,50 (денари/литар)


Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98  86,5 0 (денари/литар)

Дизел гориво     ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   86,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    8 2 ,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    41 , 810 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.