Голдман Сакс: Трамп сака цените на нафтата да бидат во опсег од 40 до 50 долари за барел

Американскиот претседател Доналд Трамп претпочита цените на суровата нафта WTI во опсег од 40 до 50 долари за барел, изјавија аналитичарите на „Голдман Сакс“ по анализата на објавите на Трамп на социјалните мрежи на оваа тема.

Според извештајот, Трамп „отсекогаш бил фокусиран на нафтата и на американската енергетска доминација“ и објавил речиси 900 објави на социјалните мрежи за тоа прашање, според Блумберг.