👁️  33

Рагби репрезентативецот на Фиџи, Џосуа Туисова, го пропуштил погребот на својот син кој починал на возраст од 7 години, а претходно настапил за својата селекција иако ја дознал трагичната вест.

Малиот Тито починал по долга и тешка болест, а бидејќи Туисова моментално се наоѓа на Светското првенство во Франција, тој одлучил да го пропушти погребот на синот и да ѝ помогне на својата репрезентација.

🇫🇯🙏🏼 Se conoció que Josua Tuisova jugó contra Georgia tras enterarse de la muerte de su hijo de 7 años, quien falleció a causa de una larga enfermedad.

🖤 A la vez, se perderá su funeral para seguir disputando el Mundial y preparar el partido contra Portugal.… pic.twitter.com/ka8AJGeqWH

— ScrumRugby (@ScrumESPN) October 3, 2023

На репрезентативецот на Фиџи му било соопштено за смртта на неговиот син Тито пред натпреварот против Грузија на кој играл, а Фиџи по пресвртот славел со 17:12.

Condolences to Josua Tuisova who lost his son few days ago.

He’s making ultimate sacrifice by staying to represent Fiji in the crucial final pool match against Portugal.

Prayers for Josua Tuisova and his family ❤️❤️#RugbyWorldCup #RWC2023 #RugbyWorldCup2023 #FlyingFijans pic.twitter.com/z3oqZOybm3

— Rugby 🏉 (@sin_bin_squad) October 3, 2023

По натпреварот, тој дури половина час делел автограми и добил поддршка од јавноста во својата земја.

Josua Tuisova spent over half an hour meeting and thanking fans after Fiji’s win over Georgia. What a role model 🤝 #rugby #RWC2023 pic.twitter.com/JYp1A0tR5h

— RugbyPass (@RugbyPass) October 3, 2023

Туисова, кој игра за францускиот „Racing 92“ е прогласен за играч на натпреварот во победата над Австралија, а на неговата селекција ѝ е потребен нерешен резултат или победа против Португалија за да го престигнат лутиот ривал Австралија и да поминат во четвртфиналето, за првпат по 2007 година.