👁️  4345

Дигиталната сателитска телевизија во Македонија и регионот, ТОТАЛ ТВ веќе не го реемитува сигналот од програма на националната телевизија Канал 5.

Одговорот зошто е тоа така го објави ТВ Пакет.

“Канал 5 во моментов не е дел од понудата на Тотал ТВ бидејќи Канал 5 преку уцена бара од нашите претплатници да плаќаат одреден дополнителен износ за да ја гледаат оваа телевизија, додека од останатите оператори, тоа не го бараат. Додека не се разреши ситуацијата со Канал 5, ние нема да го ре-емитуваме“, се вели во одговорот кој го добил сајтот ТВ Пакет од Тотал ТВ.

Инаку оваа недела во собранието треба да се изгласаат измените на законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги со кој ќе се укине забранта за слевање на пари од буџетот кај медиумите.