👁️  19

Никола Ѓорѓиев, доби лоша вест дека нема да може да игра за Македонија против „лалињата“. Причината е повреда, а по дуелот со Холандија кој заврши со 0-3 во сетови за ривалот, капитенот најави дека ќе направи се за да игра на клучниот меч во групната фаза со Чешка.

„Тажен сум, толку напор и одрекувања и ова ми се случува. После ручекот заминав во собата и таму останав. Никогаш во кариерата ова не ми се случило. Беше многу лошо, сакав да играм, но медицинскиот тим ми рече да не се загревам и да одморам. Сега е подобро, но болката е тука. Не знам за што се работи, лекарите се сомневаат на мускулот и очекувам да направиме план за рекуперација по натреварот. Не сум навикнат, никогаш не сум седел на клупа кога сум ѝ требал на Македонија. Се надевам дека ќе се подготвам. Утрово одлично тренирав, добро се чувствував, но ете се случи тој пех. Добро што не се случи ова против Данска или Црна Гора. Се надевам дека и со инјекции ќе играм, живеам за овие натпревари и сакам да ја избегнеме Италија, Екипата е во одлична форма, без разлика дали ќе играм, верувам дека ќе ја победиме Чешка. Сакам да ја повикам јавноста сите заедно да завршиме како трети и да сонуваме четвртфинале“, изјави Ѓорѓиев.