👁️  152

Ракометниот клуб Алкалоид најавува максимална борба, посветеност, ангажираност низ сите 60 минути на утрешниот меч кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

-Ние како млада екипа која направи голем успех минатата сезона и бевме вицешампиони, сега ни следува нов голем предизвик, Лигата на Европа. За ривал ја имаме Војводина која е шампион на Србија и која има голем број квалитетни играчи. Јас како капитен на екипата можам да кажам дека сме подготвени, мотивирани и желни за докажување. Ова за нас ќе биде големо искуство. Спремни сме и ја посакуваме победата. Сакам да ги поканам сите љубители на ракометот да ни дадат поддршка која што многу ќе ни значи. Ние веруваме голема борба, -порача капитенот Игор Ѓоргиев.