👁️  33

ВМРО-ДПМНЕ остана на својот став за неменување на Уставот под овие околности, рече Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизја Алфа говорејќи за ситуацијата во пресрет на собраниската седница за промени на Уставот закажана за во петок.

Според него сега е доцна за се и до изборите нема ништо да се случи во контекст на ова прашање.
„Јас сум длабоко убеден дека македонскиот парламент не е подготвен за ваков процес на уставни измени“, кажа Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор укажа дека во целиот овој процес самата Влада беше несериозна, бидејќи во ваков еден процес за промена на Уставот влезе без да разговара внатре во државата и дасе обиде да постигне консензус.

Ѓорчев се осврна и на изјавата на Екатерина Захариева, поранешна министерка за надворешни работи во Буагрија која повтори дека Бугарите се дел од македонскиот политички опус и не е ништо спорно да бидат вклучени и во Уставот.

„Да, Бугарите се дел и ги има во Македонија и тие ги уживаат сите права, и досега кажувале дека се Бугари и тоа го правеле тука со низа на активности. Исто така реалност е дека во Бугарија има граѓани кои се чувствуваат како Македонци и тие се во пописната евиденција, меѓутоа Бугарија смета дека не постојат доволно разлики меѓу нив и Бугарите и велат дека не постојат Македонци. И сето ова е случај и покрај тоа што Судот за човекови права во Стразубр е дециден дека постојат Мкаедонци во Бугарија. Но судовите во Бугарија ги отвфрлаат пресудите на Стразбур“, вели Ѓорчев.