👁️  250

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ објави дека се воодушевува од аргентинската суперѕвезда Лионел Меси, кој ја водеше Аргентина до светската круна и светските медиуми и легендите веќе го прогласија за најдобар фудбалер во историјата.

Ѓоковиќ е познат дека многу го сака фудбалот, беше и на финалето на СП во Катар, па неизбежна тема на медиумите во Дубаи, каде Србинот е дел од Светската тениска лига, беше токму Меси.

„Како љубител на спортот и на фудбалот, јас му се воодушевувам на Меси и имам огромна почит кон него. Би рекол дека најголем дел од светот е среќен за успесите што ги направи. Зашто е скромен и успесите не влијаат на него. Сè што прави сиве овие години служи како вистински пример за сите деца, на кого треба да се угледаат и да сакаат да бидат како него“, рече Ѓоковиќ.