👁️  19976

Добивте термин при аплицирање за германска виза и се прашувате што понатаму?

За терминот да биде правилно искористен и успешно да добиете германска виза за работа – ОПШТИ работници потребно е на терминот да имате соодветна документација.

Документите што треба да ги имате уредно пополнети и да ги носите со себе на терминот за германска виза се следните:

  • ФОРМУЛАР – Информативен лист на следниот линк-ТУКА.
  • 2 примероци за барање на виза општи работници уредно пополнати на германски или англиски јазик, линк- ТУКА.
  • 2 Формулари – ПОУКА потпишани, линк –ТУКА.
  • Формулар – Дополнителни информации за достапност пополнет и потпишан, линк –ТУКА.
  • 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на примероците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност и 2 копии
  • Со себе да имате 75€ за административна такса
  • Изјава за работен однос пополнета од работодавецот и две копии линк –ТУКА.
  • Договор за работа од работодавец и 2 копии – се препорачува во договорот да стои дека за работното место не е потребно познавање на германски јазик!
  • За лица над 45 години, дополнително доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на минимален месечен бруто личен приход од 3.877,50 евра (2022) ИЛИ докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик.(право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл.)
  • Пример: Уверение за утврдени податоци за стаж и плата, односно Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија – ПИОСМ).

За повеќе информации и искуства од веќе тие што добиле виза или што чекаат виза погледнете на фејсбук групата: ГЕРМАНИЈА – Амбасада, Работа , Смештај, Документација за СИТЕ и СТУДЕНТИТЕ.

Освен тоа на страната на германската Амбасада може да погледнете јасно кој документи ви се потребни за секој вид на виза.

Доколку веќе имате термин за воза или еу пасош но ви е потребен договор за работа и сместување во Германија контактирајте ги Контекст – бесплатно посредување за виза и документсција контакт:

Tel: 02/3223579, 078 274 420

Webkontext.mk

FbKontext Study Work Travel Enjoy.

Instagram: kontext_macedonia

Е-маил за долгорочно вработување:vrabotuvanje@kontext.mk

Е-маил за студенти:studenten@kontext.mk