👁️  19

Германија бара дополнителни активности за да обезбеди напредок во деескалација на ситуацијата во северно Косово, соопшти синоќа Амбасадата на земјата во Приштина.

-Амбасадата на Германија ги поздравува првите мерки иницирани од Владата на Косово како дел од процесот на деескалација и бара од властите да го задржат овој позитивен моментум. Сепак, потребни се дополнителни активности, опишани во соопштението од 3 јуни, за да се обезбеди непречен напредок на процесот, се истакнува во соопштението.

Исто така се наведува дека косовските власти мора веднаш да ги прекинат сите полициски акции во близина на општинските згради во северниот дел на Косово.

-Раководителите на општините мора привремено да ги извршуваат своите должности во објекти кои не се во општинските згради. Вонредните избори треба да се распишат што е можно поскоро во четири општини и да се организираат на целосно сеопфатен начин. Очекуваме учество на косовските Срби на тие избори, посочува Амбасадата на Германија во Косово.

Но, дипломатската мисија не прецизираше кои проекти се суспендирани како дел од мерките воведени против Приштина.  (МИА)