👁️  2910

АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја – објави “ФАКТОР”.

Според она што го има „Фактор“ како информација, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, според претходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.

Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.

НЕОФИЦИЈАЛНО, истото лице деновиве купил имот во центарот на Прилеп вреден 150.000 евра?