👁️  12

Ако го започнувате денот со кафе, постои една состојка која треба да ја додадете. Според гастроентерологот Вил Булсиевич, станува збор за циметот.

„Има сладок вкус, одговара со сè, а можете да го комбинирате и со други зачини“, вели тој на видеото кое го објавил на Инстаграм.

Зошто токму цимет?

Според некои истражувања, редовната консумација на цимет може да ја подобри меморијата, да ја зајакне менталната будност и чувството за благосостојба. Со други зборови, овој зачин одлично го стимулира нашиот мозок. Тоа се случува, како што објаснува докторот, благодарение на цинамалдехидот кој му дава вкус на овој зачин.

Циметот, исто така, помага да се намали нивото на воспаленија во телото и да се регулираат хормоните на стрес. Ова е важно бидејќи воспалението во мозокот може да доведе до проблеми како депресија и губење на помнењето. Покрај кафето, циметот можете да го додадете во чај или варено вино или во јогурт и овесна каша. Може да се додаде во колачи, штрудли, палачинки или смути. Можностите се навистина бескрајни.

Покрај циметот, д-р Булсиевич препорачува и консумација на куркума и ѓумбир, зачини богати со антиоксиданти кои го поттикнуваат здравјето на срцето, го намалуваат воспалението и ја ублажуваат болката во желудникот.