Гаспром ја снабдува Европа со гас преку Украина во количина од 38,9 милиони кубни метри дневно преку пумпната станица за гас Суџа во руската област Курск.

Ова им го изјави на новинарите претставникот на Гаспром и додаде дека украинската страна го одбила барањето за снабдување преку Сорановка.

Во саботата, на 22 април, Гаспром испорача 39,4 милиони кубни метри гас, пренесе ТАСС.