Турски Галатасарај го презентираше засилувањата за новата сезона а очекувано најголемо внимание привлече Марко Икарди, кој минатата сезона настапуваше на позајмица и беше еден од најзаслужните за освоената титула.
Првиот човек на „жолто-црвените“ откри интересни детали од трансферот на Аргентинецот, кој одбил богат предлог од Саудиска Арабија за да се врати во Турција.
„Мауро Икарди одби 40 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија и се врати да потпише со нас за 10 милиони евра по сезона, од кои 4 милиони ќе ги покриваат спонзорите. Ова е најдобар доказ за тоа каков проект имаме“ – вели претседателот Дурсун Озбек.