👁️  5

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ги напаѓаат областите на Појасот Газа кои не биле мета од почетокот на војната и ги предупредуваат високите команданти на Хамас во јужниот дел на Појасот.

– Последниве два дена работиме и на области каде што не сме работеле во последниот месец и тоа ќе се интензивира. Оваа акција ќе допре до секоја област до која треба да се дојде. Одиме на целосна елиминација на организацијата Хамас, им рекол Галант на резервистите во близина на границата со Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој тврди дека во првиот месец биле постигнати „многу добри резултати“.

Според него, командантите на баталјоните на Хамас во северниот дел на Појасот Газа „веќе многу добро знаат што можат да направат ИДФ“. (МИА)