👁️  8965

Manuvia, во соработка со Контекст Вработување за потребите на својот клиент, GABOR spol. s r.o. (меѓународен производител на модерни женски чевли од брендот Габор. Компанијата е основана во Германија пред 100 години како семеен бизнис во Словачка работи од 1996 година) бара работници за долгорочно вработување на следните работни позиции:

  • Работници за производство на чевли

Локација: Bánovce nad Bebravou

Кандидатите не мора да имаат искуство во производство на чевли или да работеле во производство, работата е лесно совладлива и важна е желбата за учење.

Компанијата вработува и парови на возраст до 50 години. Сите неопходни документи за добивање престој ги обезбедува компанијата.

Бенифиции за вработените:

• Просечна плата после обука 820 евра;

• Бонус за присуство од 50 евра месечно;

• Компанијата на вработените им дава 13 и 14 плата.

• Дозволено е да се работи прекувремено, работа 3,75 часа 2 пати неделно (вторник и четврток) и истата се плаќа 25% повеќе од регуларната работа по час, и се исплаќа со платата на крајот на месецот.

Сместување – Ubytovanie – Sineko s.r.o. Bánovce nad Bebravou: сместувањето е бесплатно во првите 6 месеци, потоа се плаќа 100 евра месечно. На работа од сместувањето може да се оди пеш или со автобус.

Плата (нето): 680 – 890 евра/месечно

За повеќе информации за оваа можност за работа во Словачка побарајте нé нa: 078 274 420, или испратете ни ваша кратка биографија на следната емаил адреса: vrabutovanje@kontext.mk.