👁️  2385

Поранешната лото девојка во Хрватска, Тина Катаниќ (38) по седум години прв пат проговори за скандалот поради кој се повлече од јавноста и и го оцрни животот.

-Најискрено бев жртва на крвничко дело и тешка повреда на приватноста. Дури и кога имам прилика да го кажам ова во медиумите и пред вас новинарите ви велам дека многу  девојки се соочиле со мојот проблем и затоа сакам јавно да зборувам за да не и се повторни на ниту една жена. Важно е да се знае кој е жртва, а кој направил тешко кривично дело. За среќа жените денес се заштитени со многу конвенции и кривични закони, па така и сторителот на ова кривично дело си ја доби заслужената казна, раскажува таа за хрватскиот магазин „Стори“.

Имено во јавноста во 2015 година се појави видео снимка на која манекенката спие со две момчиња, а истата ја снимил тој и потоа ја проширил.

Фудбалерот Домагој Р (28) минатата година во октомври беше осуден на една година и 11 месеци затвор, а по него е распишана и судска потерница и европски налог за апсење поради тоа што не се наоѓа во Хрватска веќе подолг период.

-Во тој период најтешко ми беше поради семејството, не поради мене. Од сето тоа излегов со крената глава, најважно ми е дека е донесена правилна пресуда и лицето доби затворска казна. Затворската казна не ми значи ништо, но ми е направена огромна штета поради која ми се промени животот, но пораката е дека не може и не смее да се прават кривични дела и истите да се осудуваат правилно, вели таа.

Тина вели дека тој период поминувала низ многу тешки денови, а најголема поддршка и биле нејзиното семејство, пријатели и тогашното момче.