Искусниот кошаркар Николас Батум по настапот на собирот на најдобрите репрезентации на светот упати остри критики кон власта во Франција која не дозволи учество на еден од подобрите тамошни кошаркари, Томас Ертел поради тоа што настапува за рускиот клуб Зенит.
Интересно, забраната не е важи за сите француски спортисти кои настапуваат во Русија, па така либерото на женската одбојкарска репрезентација Џена Гребеников не беше „отпишана“ како Ертел.
Со цел смирување на ситуацијата, како и дополнување на силите пред Летните олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз, претседателот на кошаркарската репрезентација, Жан-Пјер Сиутат откри дека ќе бидат превземени неопходни постапки за Ертел одново да го обелече репрезентативниот дрес.