👁️  166

Владата на Франција денеска нареди распуштање на екстремно десничарските и радикалните муслимански групи.

Одлуката е донесена четири дена пред првиот круг од парламентарните избори на кои постои ризик од зголемена поддршка за екстремните политички сили.

Францускиот министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен истакна дека Владата наредила распуштање на голем број екстремно десничарски и радикално исламистички групи, со што се најавува нивното затворање поради ризикот од насилство.

Парламентарните избори ќе се одржат на 30 јуни и на 7 јули откако францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание на почетокот на овој месец, по неговиот неуспех на изборите за Европскиот парламент.

Според анкетите партијата Народно движење на Марин Ле Пен има предност пред сојузот на Макрон.