👁️  1342

Во текот на својата кариера, лекарите кои работат во итните приеми во болниците гледаат различни, за многумина, дури и за нив, чудни случаи.

Не е невообичаено пациентите да доаѓаат со тегоби за кои со еден преглед се утврдува дека се предизвикани од страно тело во организмот кое не припаѓа во човековото тело.

Различни се приказните за тоа како некој необичен предмет завршил во нечие тело, а една од нив која деновиве кружи на социјалните мрежи е сè, само не обична.

Имено, како што напиша еден твитерџија, додека чекал во Ургентниот центар на преглед, бил сведок на необична ситуација.

– Дојдов во Ургентниот центар на преглед, докторот ми вели: Ќе дојдам сега, треба да и помогнеме на една жена, голтнала „клуч“ – ја започна својата приказна младиот човек и продолжи:

– Подоцна дознав дека таму ја донел стоматолог кој испуштил мал „клуч“ додека ѝ го поправал забот.

Како што успеавме да дознаеме, се се одвивало во стоматолошка ординација во Белград, а „клучот“ што жената го голтнала е всушност дел од алатот што се користи при поставување и одржување на забен имплант.

Набрзо со бронхоскопија бил изваден „клучот“, а жената без проблем била пуштена дома.