👁️  719

Поради пријава за нарушен ред и мир од навивачка група има зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница во центарот на Скопје позната по локалот „Рекорд“.

Од МВР за МИА посочуваат дека се утврдуваат деталите за што точно се работи, а кога ќе имаат повеќе информации ќе ги соопштат на јавноста.

Неофицијално, се работи на навивачи на ПАОК кои биле во група од педесетина и нападнале момче облечено во дрес на Вардар, а потоа украле неколку предмети од продавничките околу Триумфалната капија.